СТАНДАРД life
Балкан микс

Француски „Вог“ ја вклучи Џејла Рамовиќ меѓу најдобро облечените во Венеција

Едно од најпознатите модни списанија, француски „Вог“ ги издвои најдобрите модни изданија од актуелниот дел на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, а меѓу издвоените ја вклучи и комбинацијата на пејачката од Гораждан, Џејла Рамовиќ.

Џејла се појави на црвениот тепих на 80-тото издание на Венецискиот филмски фестивал и остави силен впечаток кај сите од светот на модата.

На покана на тимот за убавина на „Армани“, Рамовиќ продефилира низ Венецискиот фестивал во комбинезон без ракави со детал во облик на цвет на него.

Креацијата од брендот Lavani Couture ја заокружи со огрлица и обетки од брендот DeravishinG.

Францускиот Вог по тој повод избра 71 модно издание, издвојувајќи ги како најкарактеристични, а меѓу изданијата се најдоа аутфитите на познатите холивудски личности како Бела Торн или Адриана Лима. Џејла Рамовиќ со своето издание го воодушеви и самиот „Вог“.

Поврзани вести

Карлеуша во „илегала“: Гo избриша речиси цел Инстаграм – остави само две фотографии

Urednik

На интернет кружи 📽 од првиот настап на Розга: Еве како изгледала кога имала 17 години!

Urednik

Каков совет и дал за сиромаштијата Мерлин на ќерката на Весна Змијанац?

Urednik