Вели дека тоа е очајнички потег на слабите.
Пејачката Миа Борисављевиќ и нејзиниот сопруг Бојан Грујиќ отворија кафеана во Ваљево, која сега е целосно искршена.
Во врска со ова, Телеграф стапи во контакт со пејачката, која откри што се случило.
„Работиме со полн капацитет од првиот ден и навистина се крена голема врева во градот околу тоа, верувам дека им пречиме на другите спортски сали и фитнес центри. Кога си многу успешен во работата, нормално е да си трн во око, но сакам да кажам дека под ова небо има место за сите и дека за работата треба да се бори со труд и квалитет, а не со вандализам, тоа е очајнички потег на слабите“, истакна Миа.
Пејачката откри и дека камерите снимиле се.
„Секако дека има камери кои снимаа се, се е јасно видливо, што е уште една глупост на сторителите, но пак велам се е нормално. Работиме со полна пареа без разлика на се и ништо нема да не вознемирува. Ние не ги допираме другите, а следниот пат тие треба да бидат паметни и да работат повеќе на себе“, откри таа.