СТАНДАРД life
Балкан микс

Лукас: Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив

Српскиот пејач Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, по приведувањето во петокот вечерта кај Брус на пат кон скијачкиот центар Копаоник, каде требаше да одржи концерт тој ѝ се извини на публиката за презакажаниот концерт.

-Нема да зборувам многу како некои, само би сакал да ви кажам два збора. Големо извинување до сите што дојдоа на концертот, но јас не се појавив. Јас оправдано бев спречен да дојдам. Ова е полошо отколку кога би бил болен. Сите знаете за што се работи, се разбира. Па, да наздравиме во таа чест бидејќи не ми е првпат. Но, јас сум како феникс, секогаш излегувам од тие глупости. Се надевам дека заслужив аплауз за тоа, изјавил Лука пренесе српски Блиц.

Лукас бил запрен од сообраќајната полиција поради немање возачка дозвола, поради претходни прекршоци, а управувал возило и по тестот кој покажал дека е позитивен на недозволени супстанции тој бил приведен во полициска станица.

Поради тоа Лукас го презажа концертот за еден ден.

Поврзани вести

📷Марија Шерифовиќ покажа како ужива во прошетката со синот во Лос Анџелес

Urednik

Ела и Чарлс во придружба на адвокат пристигнаа во судот

Radmila Tasevska

Прво огласување на Ѓорѓе Давид на социјалните мрежи по несреќата: Откри чија поддршка многу му значи

Radmila Tasevska