СТАНДАРД life
Балкан микс

Масимо на последниот концерт пееше три часа, никој не знаеше колку е болен и кој го чека зад сцената

Легендарниот хрватски музичар Масимо Савиќ почина на денешен ден пред точно една година, откако ја загуби битката со тешката болест за која знаеја само малкумина.

Веста за смртта на Масимо, кој почина на 60-годишна возраст, ја разочара локалната јавност и музичката сцена, а ја потврдија неговата сопруга Ени Кондиќ и ќерката Мирна Савиќ.

„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твоите девојки засекогаш. Ени и Мирна“, пишуваше на неговата официјална страница.

Не помина долго откако на 22 ноември одржа незаборавен концерт во Арена Загреб, на кој три часа им пееше на обожавателите, а никој не знаеше колку е болен и дека зад сцената го чекаат лекари.

„Никогаш не сум имал толкав страв од сцената на концерт, никогаш“, призна тој на сцената.

Во ноември годинава во загрепска Лауба се одржа концерт во спомен на Масимо наречен „Мал круг на големи луѓе“, на кој настапија Нина Бадриќ, Нено Белан, Матија Цвек, Сергеј Четковиќ, Иван Дечак, Дино Јелушиќ, Меритас и Вана, а ги изведоа хитовите кои Масимо ги испеа на неговиот, за жал, последен концерт минатата година во Загребската Арена.

На големото платно во Лауба беа прикажани снимки од последниот концерт на Масимо, додека неговите колеги пееја, а се беше исполнето со емоции. Концертот го организираше вдовицата на Масимо, Ени, со која беше во брак 30 години.

Да потсетиме, Масимо почина на 23 декември 2022 година по кратко и тешко боледување. Тажната вест ја соопштија неговата сопруга и ќерката, а пејачот беше погребан на градските гробишта Задар.

Поврзани вести

ТАРА СИМОВ ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА, ДРАСТИЧНО ОСЛАБНАТА: „Изгубив МНОГУ КРВ“

Radmila Tasevska

„Јадев само маст и леб, а сега сум полна како брод, само бркам луксуз“: Дара Бубамара не знае за скромност, еве од што никогаш не и е доста

Radmila Tasevska

Аца Лукас влегува во Гинис

Urednik