СТАНДАРД life
Балкан микс

Мистеријата со хитот на Жељко Јоксимовиќ: Луѓето бараат од пејачот да им ги реши сомнежите за текстот на неговата позната песна (ВИДЕО)

Пејачот Жељко Јоксимовиќ во текот на својата кариера има напишано бројни хитови, како за себе, така и за другите.

Многу од неговите песни се слушаа со еднаков интерес со години, а сега на TikTok започна дискусија за еден од неговите хитови од 2001 година.

Станува збор за песната „Балада“ од албумот „Вретено“. Корисниците на споменатата социјална мрежа го поставија прашањето на кого всушност му се посветени зборовите на оваа песна.

„Поздрав, Жељко, имам едно многу важно прашање до тебе. Откако славата на твојата песна ’прва почна, прва праша, сега биди храбра, не плачи‘ се зголеми. Кому му се обраќа во песната личноста? Дали на жената или на љубовницата? Некои велат дека се пее на жената затоа што, како прва прашала, а другата страна вели дека е за љубовницата, па само, ако можеш, разреши ја мистеријата. Поздрав и се најдобро“, напиша една тиктокерка.

@tejkathestar Lajk ako hoces da vidis sta je Zeks odg#foryoupage #foryou #fyp #💜 ♬ Balada..Željko Joksimović – Tamara

„Тажно е што и пее ова на жена, но така е“, „Мислам дека не и пее на жена или љубовница, „Ни Жељко не се сомневаше кому му го посветува текстот“, „Љубовници, слушнете ги зборовите“, „Сега сум во сериозен сомнеж“, се само дел од коментарите.

Поврзани вести

(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ТРИЛЕР НА НЕБОЈША ГЛОГОВАЦ Филм снимен во 2015 година, никој не го гледал!

Urednik

Искршен локалот на Миа Борисављевиќ

Radmila Tasevska

Таткото зборуваше за последните денови на Небојша Глоговац: „Почувствува нешто тешко на стомакот, почина за еден месец“.

Urednik