Откако неодамна беше подложен на итна операција поради аневризма, поранешниот тапанар и гитарист на Бијело дугме, Милиќ Вукашиновиќ (73), повторно е во болница. Тој се заразил со бактерија и имал проблеми со дишењето.
– Имав чувство дека ќе се задушам и во 3 часот по полноќ се јавивме во Итна помош, која ме префрли во Ургентниот центар во Белград – изјави Вукашиновиќ за „Аваз“.
За среќа, дишењето му се стабилизирало, но трпи силни болки во ногата.
– Но ме боли ногата како после операцијата. Тоа е расек од 6 центиметри, потоа и пресекоа нерви што не требаше и тоа сега ги боли. Неконтролирано боли. И ниту еден лек што ми го даваат не може да ја ублажи болката – изјави музичарот.
– Сега му кажав на докторот да ми дава морфин. Лекарот рече дека ако лекот не делува, ќе има. Но, тоа се дава накратко. Не сакаат од мене да направат наркоман – додал Милиќ.
Инаку, неговата сопруга Сузана неодамна и се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и откри дека музичарот се чувствува добро по операцијата, но се чини дека ситуацијата веќе не е таква.
– Фала му на Бога, Мича беше опериран, се помина добро. Благодарност до д-р Игор Кончар, неговите колеги хирурзи и целиот медицински персонал за се што направија и му го спасија животот. Исто така, им благодарам на сите мои пријатели и драги луѓе за сета поддршка што ми ја дадовте. Ве бакнувам и ве сакам – објави тогаш таа.
Да потсетиме, кариерата на овој талентиран музичар, освен членството во култниот Бијело дугме, ја одбележаа и неговите ангажмани во бендовите Индекси и Ватрени полљубац, кои го направија неизбришлив дел од музичката историја.
Фановите и музичките колеги од целиот регион упатија зборови на поддршка и желби за брзо закрепнување на овој музички гигант.