СТАНДАРД life
Балкан микс

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Малкумина го знаеја ова.

Пејачката Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, со години е на музичката сцена, а нејзиниот необичен прекар има посебна приказна.

Малку е познато дека покојната Марина Туцаковиќ прва ја нарече Сандра Африка.

„Се шегувам, велам: „Ме крсти Марина Туцаковиќ“, но така испадна на крајот. Таа ја напиша песната, реши да ја нарече „Африка“. Во шоуто се појавив како Сандра, само со песната „Африка“ и тогаш беше како – може ли од „Сандра, Африка …“ Така ме викаше публиката“, објасни таа.

Пејачката не крие дека на почетокот и било непријатно со овој прекар.

„На почетокот беше чудно и се срамев, навистина. На пример, кога треба да повикам шминкер, стилист или некого и сега, бидејќи беше почеток, треба да објаснам кој е на телефон, велам: ’Oвде е Сандра‘ и, сега, јас се срамам да кажам Африка, па не знам како да објаснам. И прашуваат која Сандра, а потоа им објаснувам: „Па, мала, црна, знаеш“ … „Кажи Африка“ и јас: „Па, Сандра, Африка е тука“.

Поврзани вести

Ела и Чарлс во придружба на адвокат пристигнаа во судот

Radmila Tasevska

„Лузните на лицето се само мал показател за сите исеченици на душата“: Ана Николиќ првпат за тешкиот период низ кој минува

Radmila Tasevska

Поради напорното темпо, Пријовиќ заврши на инфузија: „Мислев дека нема да издржам“.

Urednik