СТАНДАРД life
Храна

Рецепт на денот: Посна штрудла со ореви

Многу вкусно посно задоволство.

Состојки:

– 350 гр брашно тип 500

– 150 гр јако брашно

– 1/2 лажичка сол

– 2 лажици ванилин шеќер

– рендана кора од лимон

– 4 лажици масло

– 3 dl млака вода

– 15 гр свеж квасец Фил: – 450 гр мелени ореви – 15 лажици џем од кајсии – 1 лажица ванилин шеќер

Подготовка:

Измешајте квасец, малку шеќер, малку вода и брашно и оставете го да нарасне на топло место.

Истурете ги сувите состојки во садот за мешање, измешајте ги, направете простор, додадете ги течните состојки и додадениот квасец. Замесете мазно тесто, добро спакувајте го и оставете го да нарасне.

Поделете го на три дела, направете топки, покријте ги и оставете ги да одморат околу 15 минути. За тоа време направете го филот – соединете ги сите наведени состојки и поделете на три дела.

Секоја топка расукајте ја во правоаголник со приближни димензии 30×25 см, покријте ги со фил и завртете ги штрудлите (на пошироката страна). Штрудлите премачкајте ги со масло и оставете ги да одморат околу 20 минути.

Печете ги во загреана рерна на 180 до 200 степени околу 25 минути.

Изладената штрудла посипете ја со шеќер во прав.

Пријатно!

Поврзани вести

ПЕЧЕН ЗЕЛЕНЧУК СО ЈАЈЦА И СИРЕЊЕ: Одличен предлог за лесен летен оброк

Urednik

Рецепт за сендвич толку исполнет што ќе го замени ручекот

Urednik

Рецепт за најпопуларниот германски коктел

Urednik