СТАНДАРД life
Балкан микс

Скандал за песната „Македонско девојче“: Рада Манојловиќ се огласи по обвинувањата дека вметнала вулгарен збор во текстот

На интернет се појави видео од настапот на Рада Манојловиќ каде таа ја пее познатата песна „Македонско девојче“, но со навидум изменет текст.

Имено, наместо „китка шарена“ пишуваат дека звучи како „ки*а шарена“, што секако наиде на голема осуда.

Сепак, вистината е дека така испаднало бидејќи имале технички проблем, што Рада го потврди за Телеграф.рс.

– Бидејќи гледам дека ова видео има огромен број прегледи, чувствувам должност да се огласам. Знаете дека никогаш не употребувам недолични и вулгарни зборови во моите песни, а камоли така да го отпеам најголемиот македонски хит – рече таа, па додаде:

– Точно е дека звучи така, но само затоа што микрофонот застанал во тој момент. Дали е кабелот или што, не знам, ама така е. И тоа не се случи само на таа песна, свиревме и други во текот на вечерта, имавме проблем со кабелот и адаптерот, но секако, за жал, ја имав несреќата да „пукне“ токму на тој збор и некој да го сними тоа. Не сакам никого да навредам, знаеш дека тоа не е мој стил – изјавила пејачката.

Инаку, на Јутјуб можете да ги слушнете и претходните изведби на оваа песна на Рада, а на секоја таа ја пее песната онака како што беше оригинално испеана.

Поврзани вести

Северина на суд: Не се плашам, пукајте ме во гради

Urednik

Амиџиќ тајно се оженил со Мина: Во емисија ја покажа бурмата

Urednik

Петар Грашо за Алба: „Хана менува пелени, јас имам концерти навечер“

Urednik