СТАНДАРД life
Балкан микс

Здравко Чолиќ гостуваше на концертот на Дино Мерлин: Публиката воодушевено пееше заедно со музичките ѕвезди

Пејачот Дино Мерлин синоќа го одржа својот втор последователен концерт во главниот град на Србија.

Дино пред публиката се појави одлично расположен, а во еден момент му се придружи и Здравко Чолиќ, а публиката падна во транс кога го виде легендарниот пејач и една од најголемите ѕвезди на Балканот.

Како и секогаш, Здравко ги воодушеви сите присутни со својата енергија и раскошен вокал, а за оваа прилика избра елегантен црн костум.

Во еден момент Здравко Чолиќ и Дино Мерлин се прегрнаа и пееја заедно, а публиката беше надвор од себе, пренесува Блиц.

Обожавателка на Дино Мерлин за редакцијата на Нова изјави дека купила билет за концертот на Дино Мерлин од 6.000 динари, а добила место за кое билетите чинат 3.500 динари.

Поврзани вести

Јоксимовиќ снимил дует со Цеца!

Urednik

С.А.Р.С. за прв пат настапува во Лондон

Urednik

Карлеуша во „илегала“: Гo избриша речиси цел Инстаграм – остави само две фотографии

Urednik