СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Кралицата Елизабета II ќе заработи милијарди од стремежот на нафтените компании кон диверзификација на енергијата

Кралицата Елизабета Втора ќе биде големиот победник од последниот притисок врз големите нафтени компании за диверзификација кон поодржлива иднина.

Менаџерот на имот на кралицата и Министерството за финансии на Велика Британија ќе извлечат милијарди долари од изнајмување на крајбрежни води на БП, Тотал и други енергетски играчи кои се обложуваат на ветерна енергија. Двете институции ќе добијат депозити од 879 милиони фунти (1,2 милијарди долари) само оваа година, пренесува MarketWatch.

„Краун Естејт“, сопственост на владејачкиот британски монарх, е одговорен за милиони хектари земја, крајбрежје и морско дно околу Велика Британија. Во понеделникот, компанијата објави дека избрала понудувачи на голем тендер за права за развој на шест офшорни ветерни проекти.

Иако земјиштето е во сопственост на кралицата, монархот не може да го продаде и со него управува независен совет. Годишните профити на „Краун Естејт“ се предаваат на Министерството за финансии и 25% од нив се исплаќаат на кралското семејство во форма на суверена субвенција – иако овие правила треба да се ревидираат следната година.

„Краун Естејт“ првично ќе заработи 879 милиони фунти со давање право на користење на зона на морско дно за цели на ветерна енергија. Советот ќе собира толку многу секоја година во следните 10 години од корисниците, што може да донесе дополнителни 8,8 милијарди фунти во трезорот на кралскиот двор.

Ана-Мари Тревелјан, министер за енергетика на Велика Британија, рече дека „енергијата испорачана од новите офшор-ветерни проекти ќе помогне во напојувањето на седум милиони домови, движејќи се кон преземените обврски на Обединетото Кралство за отстранување на емиссите на јаглерод до 2050 година, создавајќи илјадници нови работни места“.

Велика Британија е најголемиот офшор пазар на ветер во светот, а развојот на крајбрежните проекти околу Велика Британија е составен дел од планот на премиерот Борис Џонсон за „зелена индустриска револуција“. Џонсон рече дека сака да ја претвори Велика Британија во „Саудиска Арабија на ветерната енергија“ и да создаде десетици илјади работни места во процесот на јаглеродна неутралност до 2050 година.

Победниците на тендерот ја вклучуваат БП, која се приклучи на германската комунална компанија ЕнБВ за да развие два закупи, како и компанија меѓу француската нафтена компанија Тотал и Грин инвестмент груп на инвестициската банка Маквари. Гигантот за одржлива енергија РВЕ е уште еден победник на тендерот.

Плановите за развој на шесте договори за закуп на ветерни електрани треба да бидат прегледани за влијанието врз животната средина пред „Краун Естејт“ да може конечно да го изнајми морското дно.

Поврзани вести

6 начини да се опуштите по напорниот работен ден

Влатко Зорба

Словенија: 100.000 литри пиво со поминат рок

Влатко Зорба

Погребниците во Калифорнија ПРЕПОЛНИ со работа, ОДБИВААТ погреби

Влатко Зорба