СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Меѓународниот балкански универзитет е организатор на две значајни меѓународни конференции

Меѓународниот балкански универзитет во јуни 2021 година се јавува во улога на организатор на две значајни меѓународни конференции. Користејќи ги најмодерните технологии и почитувајќи ги препораките за заштита од пандемијата со КОВИД-19, одлучено е двете конференции да бидат одржани онлајн преку платформата за онлајн учење на Меѓународниот балкански универзитет.

Од 3 до 5 јуни 2021 година ќе се одржи Третата меѓународна конференција за применети науки, инженерство и математика (ICASEM 2021). ICASEM 2021 има за цел да промовира размена на идеи, искуство и знаење меѓу научници и инженери чиј интерес е насочен во областите на применети науки и инженерство, како и да охрабри активности за соработка меѓу дисциплинарни истражувања. Основна идеја на конференцијата, која ќе понуди многу можности за дискусии, е да стане традиционален настан за собирање академици, истражувачи и научници од различни земји, потекла и култури кои ќе дискутираат и дебатираат за предизвиците и можностите во континуираниот технолошки развој и инженерските достигнувања. Главен говорник на конференцијата ќе биде проф. д-р Лидија Петковска, професор со долгогодишно искуство во сферата на електроинженерство и информатички технологии. Пријавувањето за учество на оваа конференција се врши преку: www.icasem.ibu.edu.mk

МБУ исто така, заедно со Универзитетот во Хјустон – Клир лејк (САД), од 10 до 12 јуни 2021 ќе организира Меѓународна конференција за општествени и хуманистички науки (ICSSH2021) на тема “Предизвици на светот кој се менува – градење побезбедна иднина”. Главни говорници на овој настан ќе бидат д-р Кристофер Вард, професор по психологија на Универзитетот во Хјустон, потоа словенечкиот поет, писател и дипломат, д-р Милан Јазбец, професор по дипломатија на Универзитетот Нова во Словенија и доскорешен амбасадор во Северна Македонија, д-р Ченгиз Сисман, професор по историја и директор на Програмата за историја на Универзитетот во Хјустон и Бардак Ахмет, доктор по филозофија на Катедрата за политички науки и јавна администрација на Универзитетот Катип Челеби во Измир, Турција. Пријавувањето за учество се врши преку: www.icssh.ibu.edu.mk

Во насока на целите на Меѓународниот балкански универзитет за развој и стимулирање на научно-истражувачката дејност во општеството, се очекува овие две меѓународни конференции да придонесат за размена на научни анализи и истражувања од разни области помеѓу домашниот академски кадар и експерти од меѓународен ранг.

Поврзани вести

Зошто Финска е најпосакуваната земја за странски работници?

Влатко Зорба

Маск објави песна, ја продава за 1,12 милиони долари

Влатко Зорба

Две златни медали за Винарија Камник на светски вински натпревари