СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Швеѓаните го откажаа контроверзниот проект на Бил Гејтс

Шведската вселенска агенција под притисок на групите за заштита на животната средина го откажува геоинженерскиот експеримент за да утврди дали затемнувањето на Сонцето со аеросоли може да го реши проблемот со глобалното затоплување.

Според планот на научниците од Харвард, балон на голема надморска височина требаше да испушти облак калциум карбонат во стратосферата на Земјата во јуни годинава, со цел да се проучи влијанието на зрачењето на Сонцето. Сепак, проектот SCoPEx се покажа премногу контроверзен. Некои научници веруваат дека ослободувањето на калциум карбонат во атмосферата би имитирало слични ефекти што се јавуваат во атмосферата во моментот на вулкански ерупции, што може да доведе до намалување на глобалната температура, и покрај фактот дека не се знае какви можат да бидат последиците од аеросолните празнења.

Професорот од Харвард, Дејвид Кит, кој е еден од клучните луѓе во проектот SCoPEx, рече дека одлуката на Шведска е застој, но не ја исклучува можноста за преместување на експериментот во САД, пишува Ројтерс. Кит тврди дека ќе се обиде да го придобие јавното мислење во наредните месеци за да добие поддршка за спроведување на тестот.

Американскиот милијардер Бил Гејтс донираше 4,6 милиони долари на фондот на Кит, кој исто така го финансираше овој проект, потсетува „Гардијан“. Некои научници сметаат дека овој проект ќе има пионерска улога, и доколку е успешен, тој би претставувал нов начин за борба против глобалното затоплување.

Претседателот на шведското друштво за заштита на природата, Јохана Сандал, рече дека со олеснување ја дочекале веста за откажувањето на експериментот.

„Одбивањето технологија што има потенцијал за екстремни последици што може да ги нарушат хидролошките циклуси и да ги интензивираат сушите е премногу опасно за да се користат некогаш“, рече таа.

Поврзани вести

Дали светот се доближува до 4-дневна работна недела?

Влатко Зорба

Нови правила за влез во Турција: Задолжителна ДИГИТАЛНА РЕГИСТРАЦИЈА воведена за странски туристи

Влатко Зорба

Реал најмногу заработува од спонзори

Влатко Зорба