СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните имаат најголема доверба во Комерцијална Банка

Комерцијална банка АД Скопје е банката во која граѓаните имаат најголема доверба и таму најмногу ги депонираат своите заштеди. Податоците на НБРСМ, покажуваат дека граѓаните во Комерцијална банка чуваат 1,3 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка..

Втора најсигурна банка на која домаќинствата и ги довериле своите заштедите е Стопанска банка АД-Скопје, во која според податоците на Народната банка се чуваат депозити на граѓаните кои изнесуваат над една милијарда евра.

Трета банка со најголемо депозитно салдо е третата банка од големата тројка – НЛБ Банка АД Скопје, банка во која граѓаните чуваат заштеди во вредност од околу 900 милиони евра.

Во Халкбанк АД Скопје граѓаните чуваат заштеди во вредност од 315 милиони евра, во Охридска банка АД Скопје се депонирани 218 милиони евра во депозити, додека пак во УНИБанка АД Скопје граѓаните имаат заштеди во износ од 206 милиони евра.

Поврзани вести

Здружение на оштетени штедачи: Како е можно речиси 60 милиони евра да исчезнат од Еростандард на денот на нејзиното затворање?

Влатко Зорба

ПИОМ: 1.800 пензионери во Македонија примаат пензија подолго од 40 години

Влатко Зорба

Бочварски: Инвестираме над 87 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа во Крива Паланка и околината

Влатко Зорба