СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јовановиќ: Македонија ја зголеми цената иако има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Поранешниот советник на министерот Тевдовски во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ на Фејсбук направи споредба со начинот на кој други земји се справиле со кризата предизвикана од Ковид-19, а притоа ги заштитиле интересите на граѓаните.
„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки.
Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци.
Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас.
Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%.
Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци.
Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа, напиша Јовановиќ.

Поврзани вести

НБ: Намалена основната каматна стапка заради натамошна поддршка на домашната економија

Влатко Зорба

Бабовски: Исплатени 30 отсто повисоки субвенции за фармерите кои го зголемиле сточниот фонд во споредба со претходната година

Влатко Зорба

Цените на горивата од полноќ се зголемуваат за половина денар

Влатко Зорба