ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Китанов и Сугарески: Годинава ќе ја завршиме со преку 80 проценти реализација на капиталните инвестиции во нашиот ресор, парите од патарините одат за одржување на патиштата

Годината ја завршуваме со максимален ефект во реализација на капиталните проекти во ресорот Транспорт. Ги направивме историски најголемите вложувања во патната инфраструктура, во изградба на гасоводната мрежа, во реализација на крупните проекти во Железницата, во изградба на водоводи и канализации, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес конференција на која даде осврт за сработеното во ресорот „транспорт“ во 2019 година.

Тој потенцираше дека во делот на комуналната инфраструктура се реализирале 43 проекти за изградба на водоводи и канализации, понатаму во делот на железницата максимално се гради пругата од Куманово до Бељаковце, во делот на гасификацијата се заврши магистралниот гасовод Штип-Неготино, а со брз силен интензитет се работи и на изградбата на делниците Неготино-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар.

 

Презентација

Исто така според министерот Сугарески, значително е раздвижен Охридскиот аеродром со 70 проценти раст на превозни патници.

Во делот на станбената политика, оваа година започната е изградба и на две социјални згради во Неготино и Пробиштип.

„Министерството за транспорт и врски не случајно е мотор на ваквите економски промени. Годинава ќе ја завршиме со преку 80 проценти реализација на капиталните инвестиции во нашиот ресор, што ја покажува  ангажираноста на сите ресурси во остварување на крајната цел, а тоа е поквалитетен живот и економски раст на земјата. За следната година планираме да ја завршиме пругата до Бељаковце и да отпочнеме со изградба на делот од Бељаковце до Крива Паланка. Исто така следната година ќе започне изградба на магистралните гасоводи од Велес до Свети Николе и од Гостивар до Кичево. Веќе подготвуваме терен за изградба на осум социјални згради со вкупно 320 станови. Во делот на комуналната инфраструктура во подготовка сме на триесетина проекти за канализации и водоводи, започнуваме со изградба на канализации во зоната Визбегово и Арачиново.

Посебно сакам да го истакнам проектот за изградба и санација на улици во општините вреден 70 милиони евра. Тендерските постапки веќе ги подготвуваме и очекуваме со почетокот на градежната сезона да отпочнеме и физичка реализација на терен“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Директорот за ЈП за државни патишта Зоран Китанов истакна дека годинава е најуспешна година од работењето на Јавното претпријатие во кое инвестирани се преку 230 милиони евра. Тој потенцираше дека за овие две години завршени се 782 километри патишта и ги спореди со околу 600 километри патишта што биле завршени во претходните десетина години.

Презентација

„Рехабилитиравме рекорден број на патишта од различни извори, од нашиот буџет, со поддршка на Светска банка, ЕБДР и од Македонија пат или само во 2019 година завршивме проекти во вредност од 237 милиони евра или 505 километри патна мрежа. Сакам да најавам дека за автопатот Скопје- Блаце утре завршува тендерската постапка, имаме тројца понудувачи во рамки на буџетот и многу набрзо ќе започнеме со работа. Имаме и одлична реализација во делот на експресните патишта, завршивме санација на неколку мостови и активно градиме уште три нови мостови. Во делот на патарините, оваа година имаме најефикасна наплата на патната такса и за прв пат поставивме 523 лед светилки на 176 канделабри“, изјави Зоран Китанов,  директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Китанов додаде дека Јавното претпријатие успешно засади 600 илјади садници на автопатот Миладиновци-Штип и дека се работи на проект за поставување на фотоволтаични панели на сите наплатни станици од кои ќе се произведува електрична енергија за потребите на наплатните станици.

Поврзани вести

ФЕРО ИНВЕСТ ДОО: Категорично ги отфрламе наводите дека сме добиле 1,6 милиони евра од Шеќеринска

Никола Поповски

„Ле Матан“: Заев кој ја вложи сета своја политичка тежина во унапредување на европскиот пат на неговата земја поднесе оставка

Два нови случаи на заразени со Ковид 19 се евидентирани денеска во Прилеп

Жерновски во Токио на церемониите за интронизација на Императорот Нарухито

user3

На сопствена сметка во државен карантин сместени се 13 лица, меѓу кои и еден полициски службеник

Мицкоски и Муцунски на средба со Дорис Пак, порачаа дека во Македонија постои голем проблем со високата корупција

Христина Николовска