СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нето-задолжувањето преку државни хартии од вредност проектирано на 15.375.000.000 денари, соопшти Владата

Вкупно 15.375.000.000 денари ќе изнесува нето-задолжувањето преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година, соопшти Владата.

На седницата денеска Владата донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максималниот износ на нето – задолжување преку издавање државни хартии од вредност на домашниот финансиски пазар во 2020 година.

-Согласно претходното изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, со оваа одлука се утврдува максималниот износ на нето-задолжувањето преку издавање државни хартии од вредност во 2020 година и тоа ќе изнесува 15.375.000.000 денари, наместо предвидените 12.300.000.000, информира владината прес-служба.

Поврзани вести

Виз Ер ја продолжи суспензијата на летови од и до Скопје

Речиси 78 милијарди американски долари изгубија 20-те најбогати луѓе во светот за само еден ден

РЖ Институт АД Скопје на „Листата за набљудување“ на Берзата

Влатко Зорба