СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од денеска нема повеќе онлајн „коцкање“

Истече рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн кладење.

-Со уредбата се гасат сервисите, а државата ризикува да изгуби стотици милиони денари.Бидејќи нема подзаконски акти во постојаниот закон не може никој да организира интернет обложување.Играчите полека стекнуваат навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите ќр ги вратиме на странските сајтови каде ќе изгубиме до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси. Барам влдата да ја имплементира уредбата за да се продолжи. Заради тоа до Владата и до Министерството за финансии испратено е предлог-решение за имплементација во законот, за кое приредувачите на игри на среќа бараат итно да се донесе, изајви рече Васко Илијевски, претседателот на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле  близу 2 милиони евра, а обложувалниците  биле растоварени од гужва.

Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата но и први ги отворија вратите.  Иако имаат загуби во работењето сепак велат дека успеале да ги задржат сите вработени. Во казината и кладилниците работат околу 12 илјади работници.

Поврзани вести

Бесими: Имаме царински стапки кои се пониски или повисоки од оние во ЕУ

Влатко Зорба

Синдикат за текстил и кожарство: Народните пратеници испаднаа ненародни луѓе, не знам со каков образ ќе бараат поддршка на следните избори

Влатко Зорба

ССМ: Финансиска поддршка да добијат само компаниите кои се грижат за работниците

Влатко Зорба