СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Октомвриските пензии повторно ќе бидат предвреме исплатени

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.

– Им се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата – се вели во соопштението од влада.

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Поврзани вести

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Влатко Зорба

ММФ: Пандемијата ќе предизвика поголема штета отколку што се очекуваше

Stefanija Kuzmanovska

Николовски – Сугарески: Преку дигитализација и елиминирање на човечкиот фактор до помала корупција на граничните премини