СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Почна исплатата на повратот на ДДВ за третото тромесечје

УЈП почна со исплатата на повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје.

Овој пат, исплатата е малку подоцна од вообичаеното поради исплатата на парите од повратот од Викендот без ДДВ.

Податоците се обработени и сега парите веќе се префлаат на сметките. Инаку УЈП има рок да го изврши повратот 60 дена од денот на последната скенирана сметка во тромесечјето.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска: Македонската економија не е директно изложена на гобалните ризици

Влатко Зорба

Димковски: Градењето партнерски однос е особено важно за стабилен пласман на производството

Заев во „Маркарт“: Новите инвестиции отвораат нови работни места

msp-admin