СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се спрема нозо законско решение за работењето на пазарите

Ново законско решение се подготвува за работењето на пазарите. Владата, односно Министерството за економија работи на решение заедно со претставници на сите стопански комори.

Ова го најави министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, се одложува законското решение донесено оваа година.

– Тоа нема да опстои како решение предложено пред една година. Во меѓувреме разговараме со сите засегнати страни за да најдеме решение, изјави Бектеши, додавајќи дека остануваат на предлогот пазарџиите да поседуваат лиценца за работа.

Пазарџиите согласно постојното законско решение од јануари треба да поседуваат лиценца за работа која ја обезбедуваат едно здружение, а со новото, како што се најавува, лиценците ќе ги издаваат сите стопански комори.

Поврзани вести

Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата

Влатко Зорба

Јоноски: Новиот Закон за земјоделско земјиште може да има далекусежни негативни последици за секторот и производството на храна

Лукаревска:  Апликацијата „Мој ДВВ“ е успешна мерка која ја користат 304.912 граѓани