СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

В’лканов: Со инвестиција од над 20 милиони до производство на преку 2.500 тони концентрат месечно во „Злетово” и „Тораница”

Претседателот на Бордот на директори на компанија „Минстрој“, Николај В’лканов од Република Бугарија при денешната посета на премиерот Зоран Заев истакна дека со инвестиција од над 20 милиони евра за модернизација и унапредување на условите во двата рудници за олово и цинк, „Злетово“ и „Тораница’, се овозможи производство на преку 2500 тони концентрат месечно.

„Пред точно пет години во март 2016 започнавме да го воспоставуваме рударството во „Злетово” и „Тораница”. Искчучително му се заблагодарувам на премиерот, работиме многу добро и со министрите за економија и за екологија, како и со градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка. За пет години постигнавме многу, се овозможи производство на преку 2500 тони концентрат месечно, 800 вработени со високи плати во услови на пандемија. Моја желба е Република Северна Македонија да стане рамноправен член на Европската Унија, за што Бугарија ќе помогне многу и јас лично“, истакна В’лканов.

Поврзани вести

Банкари: Пандемијата ќе наштети на глобалната економија за над 5 трилиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Битиќи за еднократната помош за граѓаните: Во тек е консултација со Економскиот совет

ММФ: Објавено колкав би бил падот на македонската економија годинава

Никола Поповски