СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Зголемен индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2021 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на декември 2020 година и изнесува 13.8, а во однос на јануари 2020 година е намален за 8.8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2021, во однос на декември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2021 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.7 %, неизвесното економско опкружување со 16.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.8 % и недоволната домашна побарувачка со 14.5 %.

Поврзани вести

ССК: Рентакар компаниите се под закана на целосен колапс во секторот

МТСП: Компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето

Нови цени на горивата од полноќ

Берта Китинска