СТАНДАРД life
Фитнес

Како да се мотивирате да вежбате во зима?

Зимата е сезона во која нè фаќа некаква летаргија – сакаме само да спиеме, да јадеме и да лежиме на топло пред телевизорот. Тоа го има своето логично објаснување, бидејќи денот е краток, а температурите пониски и телото автоматски се обидува да заштеди енергија.

Со лежење сепак нема да се врати тонусот и здравјето, ниту ќе ја намалите половината. Свесни сме дека тешко ќе се мотивирате за тешките тренинзи, па затоа ќе ви помогнеме со неколку идеи кои ќе ве држат во форма.

1. Изберете зимски спорт

Снегот не е толку лош и нуди еден куп возбудувања. Ако паѓате на скиите и сноуборд, не губете време. Соберете екипа и упатете се кон некој од зимските центри. Ем ќе забавувате, ем во текот на денот ќе губите калории со насмевка на патеката. Лизгањето на мраз е исто така многу пријатно уживање, а и не бара многу средства и специјална опрема.

2. Одете на спортски шопинг

Шопингот е задоволство за сите дами. Може да сте модерни и да работите на половината. Ништо не е помотивирачки од секси модел за аеробик, скијање или дури и за салата. И така и така сте ја купиле новите облека, зошто да ги држите во гардероба?

3. Одете на спиење порано

Ако не висите како був во ноќите, ќе можете да се наспиете и да станете порано. Тоа пак ќе ви обезбеди доволно време за еден лесен закрепнувачки тренинг со која ќе го започнете денот и ќе се наполните со енергија.

4. Организирање група за спортување

Кога сте повеќе, мотивацијата е поголема. Мотивирајте се со неколку пријателки за сериозна спортска неделна програма. Ако треба купете карта во некои фитнес за конкретен вид спорт. Така ќе имате мотивација да не пропуштите тренинг, а и ќе имате репер кој колку е ослабен.

Поврзани вести

Личен тренер сподели 5 најдобри вежби за почетници

Urednik

Високиот крвен притисок е опасен и се повеќе луѓе го имаат! Откриваме кои вежби го намалуваат најдобро

Urednik

Три успешни години за спортскиот центар „Премиум“

Urednik