СТАНДАРД life
Фитнес

Како „џебната Венера“ останува фит во шестата деценија?

Кајли Миног го привлече вниманието на целиот свет во осумдесетите години на минатиот век кога глумеше во ТВ сапуницата „Соседи“, а потоа кариерата ја насочи кон пеење. Таа набрзо го достигна статусот на поп икона, а она што се издвојува, покрај гласот и талентот за изведба, е нејзината неверојатна линија.

Витка, со атрактивни облини, долго време важеше за „тело ремекдело“, а иако наполни 55 години, видеата од нејзините концерти докажуваат дека и понатаму ја „заслужува“ таа титула.

Како оваа дива останува фит?

Пилатес, се разбира

Тајната на нејзината форма лежи во нејзината исхрана и видот на режим на вежбање што го одржува.

Пејачката вели дека своето тело го „должи“ на пилатес и повремените посети на теретана. Кајли ја одржува витката линија следејќи строга диета и фитнес режим кој не е мачен за телото и умот.

– Вежбам пилатес. И кога престојувам во хотел понекогаш одам во теретана. Но, не претерувам. Посакувам да бев една од оние жени кои вежбаат или трчаат веднаш штом ќе се разбудат. Но, за жал, не сум толку дисциплинирана! Возам сноуборд во зима – изјавила Кајли, пренесе „Индија Тајмс“.

Но, кога станува збор за исхраната, Кајли е малку попосветена. Таа не консумира јаглехидрати, туку само протеини и здрави масти, а нејзините оброци се состојат од свеж зеленчук, риба, зеленчук на скара…

Поврзани вести

Како можеме да поставиме одржливи новогодишни фитнес ветувања?

Urednik

За него знаете многу и тоа главно погрешно: Сè за пилатес тренингот!

Urednik

📽Тренингот на Кортни Кардашијан се смета за идеален за подигнување на градите и затегнување на грбот

Urednik