СТАНДАРД life
Фитнес

Зошто е важно да вежбате секој ден во исто време?

Една нова студија спроведена на лабораториски глувци покажува дека редовниот ритам на вежбање носи повеќе здравствени придобивки.

Иако постои централен телесен часовник во мозокот сместен во супрахијазматичното јадро, сместен во базалниот дел на предниот хипоталамус, постојат и други периферни телесни часовници. Супрахијазматичното јадро е важно бидејќи го регулира деноноќниот ритам.

Нашиот централен часовник (централен нервен систем – ЦНС) делува како главен „пејсмејкер“ за производство и одржување на деноноќниот ритам низ телото.

А вежбањето може да ги ресетира периферните телесни часовници во зглобовите и ‘рбетот, според истражувањето на научниците од Универзитетот во Манчестер.

Доколку ова „ресетирање“ се случува во исто време секој ден, периферните часовници би можеле да бидат повеќе синхронизирани со главниот, откриле истражувачите.

Претходните истражувања покажаа дека несинхронизираните часовници во периферните ткива може да го зголемат ризикот од развој на здравствени проблеми како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести, пренесе Science Alert.

„Нашите резултати покажаа дека физичката активност практикувана во текот на утрото е поврзана со шемите на дневниот циклус на спиење/будење и дека ги пренесува информациите за времето од централниот часовник чувствителен на светлина на мозокот до скелетното ткиво кое носи тежина. Тоа всушност испраќа сигнал до вашиот скелетен систем дека е време да се разбудиме“, објасни Кинг-Џун Менг, хронобиолог од Универзитетот во Манчестер.

За целите на студијата, научниците ги следеле периферните часовници во ‘рскавицата, ‘рбетот и мозокот на глувците додека тие вежбале на ленти за трчање во различни периоди.

Веќе е познато дека областите на зглобовите и ‘рбетот се особено активни при физичка активност, а познато е и дека од нив се исфрла вода во текот на денот.

Ова делумно ги ресетира периферните телесни часовници дневно.

Тим научници откри дека физичката активност покрај процесот на осмоларност (намалување на водата) дополнително ги ресетира овие часовници и доколку се изведува според конзистентен распоред, го подобрува тајмингот на телесните часовници.

Резултатите се уште треба да се потврдат кај луѓето, но научниците веруваат дека е вклучен сличен ефект.

Здравјето на коските и зглобовите влијае на сè во нашето тело – од тоа колку добро успеваме да изведуваме спортски активности до веројатноста за повреда или развој на состојби како артритис.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Communications.

Поврзани вести

5 вежби на стол за рамен стомак: Правете ги секој ден без многу мака и труд

Urednik

Бидете внимателни со внесот на протеини: Премногу може да ги оштети артериите

Radmila Tasevska

Мајли Сајрус тренира 30 минути дневно, секој ден веќе една деценија: Која техника ја држи во линија?

Urednik