СТАНДАРД life
Стил

📸Пенелопе Круз блесна во романтичен фустан, а потоа суптилно ја откри долната облека

Ниту на новото, 33. издание на „Gotham“ наградите, не недостигаа познати дами од светот на Холивуд кои продефилираа по црвениот тепих во Њујорк во црни креации.

Во споредба со нив, 49-годишната Пенелопе Круз го украде центарот на вниманието во бело.

Оваа позната Шпанка, крунисана со Оскар, долги години ја врзува модната соработка со францускиот Chanel.

На свечените настани таа речиси секогаш носи креации со потпис на култниот француски бренд, што беше случај и овој пат.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Нејзиниот бел фустан со луксузна текстура е дел од актуелната „ready-to-wear“  колекција на Chanel, а со него суптилно ја откри својата фигура на црвениот тепих, како и долната облека.

Во изгледот на Пенелопе Круз отсуствуваше додатокот на тенок, блескав ремен, како оној што го носеше манекенката на пистата со овој фустан, додека таа успешно ја разби белината на креацијата со црна клач чанта и светкави лакирани сандали.

Фармерките што ги носи Пенелопе Круз се безвременска класика и не прават послаби

Поврзани вести

Тејлор Свифт и Блејк Лајвли го привлекоа вниманието со заводливи комбинации

Urednik

📸ОВОЈ ФУСТАН Е ТЕМА БР.1 ВО СВЕТОТ НА МОДАТА: Чини над 2.000 долари, а најуспешната жена направи да изгледа УШТЕ ПОСКАП

Urednik

Бекам „падна“ на бизарните чизми кои го поделија модниот свет (ФОТО)

Urednik