СТАНДАРД life
Стил

📸 Мајли ги привлече погледите на Греми со овој фустан: Дизајнерот работел на него 675 часа

Пејачката Мајли Сајрус ја освои првата Греми награда во кариерата, во категоријата за најдобра песна – Flowers.

Мајли привлече големо внимание со својот стајлинг, како на сцената, така и на црвениот тепих.

Имено, таа за црвениот тепих избра необичен „гол фустан“ во златна боја, а оваа креација ја потпишува брендот Maison Margiela.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

Како што наведе W Magazine, за изработка на овој фустан од 14.000 златни алкички биле потребни 675 часа рачна работа, а украсен е со специјално избрани антички монистри.

Пејачката остави впечаток на египетска божица, а ова нејзино издание никого не остави рамнодушен. И додека некои ја нарекуваат Мајли една од најдобро облечените дами на Греми наградите, други мислат дека нејзиниот фустан „открива премногу“.

Поврзани вести

(ФОТО)Џорџина Родригез го комплетираше својот елегантен изглед со чанта по која копнеат трендсетерите

Urednik

Разводот не ја погоди: Софија Вергара во заводливо издание на концерт

Urednik

Се уморивте од фустани? Летото е незамисливо без ова вечно парче

Urednik