СТАНДАРД life
Фитнес

Во овој период од денот треба да вежбате за најбрзо слабеење

Најновото истражување покажа дека вежбањето наутро влијае на побрзо слабеење, за разлика од физичката активност во други периоди од денот.

Иако прашањето за оптималното време за вежбање сè уште не е дефинирано, најновите докази јасно покажуваат дека физичката активност помеѓу 7 и 9 часот е најефикасна за слабеење.

Научниците откриле дека испитаниците кои вежбале во ова време од денот имале намалено ниво на телесни масти и потенка половина, дури и кога биле помалку физички активни во целина од луѓето кои вежбале попладне и навечер.

„Познато е дека вежбањето е клучно за успешно управување со тежината, но до сега немавме јасност за оптималното време од денот“, вели д-р Тонгју Ма, водач на ова истражување во кое учествувале 5.285 луѓе.

Најинтересен податок е дека групата која вежбала наутро поминувала помалку време во физички активности и повеќе седела во текот на денот, а сепак имале подобри резултати, пишува тпортал.

„Овие докази покажаа дека наоѓањето свој стил на вежбање и тоа во утринските часови (помеѓу 7 и 9) може да игра голема улога во процесот на слабеење“, велат научниците.

Иако признаваат дека причината за овие резултати не им е сосема јасна, се чини дека се под влијание на деноноќниот ритам, природниот циклус на спиење и будност, кој вклучува бројни хормонски и други биолошки процеси.

„Новата студија само ги поддржува претходните докази дека утринското вежбање има позитивен ефект врз намалувањето на крвниот притисок, стресот и анксиозноста, како и подобрување на когнитивната функција во текот на денот“, истакна д-р Мајкл Фредериксон од Стенфорд.

Заклучокот на авторот е јасен – утринското вежбање би можело да биде важен фактор за спречување на дебелината и еден од суштинските сојузници во борбата против вишокот килограми.

Поврзани вести

Овие активности не бараат многу труд, а ни помагаат да останеме во форма

Radmila Tasevska

За него знаете многу и тоа главно погрешно: Сè за пилатес тренингот!

Urednik

(ВИДЕО) Вежба која ги топи мастите: Повторете ја 100 пати и ќе имате ефект како да сте трчале цел час

Urednik