СТАНДАРД life
Хороскоп

Дневен хороскоп: Девицата не му верува на партнерот, Скорпијата е таинствена, а Водолијата нема да се правда!

Што ви предвидуваат ѕвездите за 29 август 2023 година:

ОВЕН: Во текот на денот ќе чувствувате напнатост, а сето тоа поради мноштвото обврски кои чекаат да ги завршите. На крајот од денот, ќе почуствувате исцрпеност и потреба за одмор. Немате можност да за средба со личноста која ја посакувате, но интензивно ќе одржувате комуникација.

БИК: Чувствувате дека информациите што ги добивате не одговараат на вистинската состојба на ситуацијата што ве интересира. Се обидувате, но во моментов не можете да сфатите што се случува. Мислите ги насочувате кон некој кој не е ваш емотивен партнер. Не можете да и одолеете на привлечноста.

БЛИЗНАЦИ: Не ви се допаѓа како се одвива договорот или деловната ситуација. Од вас се очекува да преминете преку условите кои не ви одговараат. Не ви се допаѓа моменталната ситуација помеѓу вас и личноста која ви се допаѓа, но не знаете како да ја промените.

РАК: Сè оди во насока како што очекувавте. Еден од вашите колеги може отворено да се спротивстави на вашите предлози, но вие имате поддршка од претпоставениот. Во текот на денот неколку пати ќе ви падне на памет некоја личност од минатото. Размислувате дали вреди да се обидете да воспоставите контакт.

ЛАВ: Имате среќа во зделките. Треба подобро да ги организирате обврските и повеќе да им се посветите. Сфаќате дека мора да промените некои работи на себе доколку сакате вашата сакана да го следи вашиот пример. Се грижите за стабилноста како двојка.

ДЕВИЦА: Неуспехот што го доживувате во планираното е само од краткорочен карактер. Нема потреба од нетрпеливост и стрес во напнати ситуации. Сè ќе се среди побрзо отколку што мислите. Чувствувате одреден вид недоверба кога станува збор за саканата личност.

ВАГА: Одличен ден за се што е поврзано со личниот сегмент или за активирање околу приватни деловни зделки. Некој доаѓа кај вас со понуда која тешко ќе се одбие. Сфаќате дека сте завршиле со некои луѓе, но сепак чувствувате некаква тага или сентименталност.

СКОРПИЈА: Колегите не можат да „прочитаат“ за што размислувате и во која насока се насочени вашите интереси. Голем емотивен стимул кај вас, разбуди сензуалност и романтизам. Има некои работи кои не се осмелувате да ги кажете на саканата личност.

СТРЕЛЕЦ: Некои работи си дојдоа на свое место и сега пообјективно и појасно ги гледате ситуациите во кои сте инволвирани. Направете листа на приоритети, има многу работа пред вас. Сфаќате дека сте ги запоставиле потребите на вашата сакана и се обидувате да пронајдете начин како да го исправите тоа.

ЈАРЕЦ: Обично се прилагодувате на другите и нивното темпо на работа. Денес е моментот деловното опкружување да се прилагоди на вас. Добри работни вештини и активност. Со емотивниот партнер се опуштате и така „бегате“ од стресните моменти на работа.

ВОДОЛИЈА: Самите разбирате дека присуството на соработник ви е неопходно, но не можете да ги поднесете провокациите од негова страна. Уморни сте од убедување и оправдување на вашите постапки. Имате интензивна средба со една личност заснована на силен флерт и страст.

РИБИ: Во првиот дел од денот сте расположени, но некако како да налетувате на луѓе кои ве „заморуваат“ и ви предизвикуваат немир. Како што одминува денот, така ќе молчите се повеќе и повеќе. За ова ќе придонесе и неспособноста на емотивниот партнер да поминува повеќе време со вас.

Поврзани вести

Хороскопски знаци кои обожаваат паралелни врски!

Radmila Tasevska

Вака изгледа сродната душа за секој знак: На Вагата и треба некој нежен, а на Скорпијата некој предизвикувач

Urednik

Хороскопски знаци кои се најголеми гурмани

Radmila Tasevska