СТАНДАРД life
Хороскоп

ХОРОСКОПОТ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА: Овие три знаци живеат најдолго

Хороскопот открива различни аспекти од нашиот живот, но дали може да ни открие и колку долго ќе живееме?

Ви претставуваме 3 хороскопски знаци кои според истражувањата и статистиките живеат најдолго!

Луѓето кои живеат над 100 години имаат различни тајни за нивната долговечност, но се чини дека нивниот долг живот има врска со хороскопот. Неколку истражувања покажаа дека најдолго живеат родените во знакот Рак, а по него следат Овенот и Девицата.

Се верува дека многу Ракови живеат до длабока старост затоа што сакаат да водат здрав живот, а за тоа се мотивирани од мислата да живеат што е можно подолго за да бидат со своите сакани, особено со децата, и да преземат грижа за нив. Раковите се исклучително семејни и грижливи типови на луѓе.

Девиците се долговечни благодарение на уредниот начин на живот и големата грижа за своето здравје.

За многу Девици правилната исхрана и вежбањето се начин на живот, па не можат да замислат да живеат поинаку. Исто така, Девиците се прилично мирни луѓе, а помалку стрес значи подолг живот.

Тајната на Овенот е ова: од сите знаци во хороскопот, Овенот има најголема страст за животот.

Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдува и официјалната листа на најдолговечни луѓе во светот, која е забележана од 1955 година, а ја состави организацијата „Gerontology Research Group“.

Меѓу 59-те лица на листата, повеќето се луѓе родени во знакот на Рак (8), потоа Девица (7) и Овен (7).

Интересно е и тоа што 22 од нив се жени, што го потврдува добро познатиот факт дека жените живеат подолго од мажите, а дека дури 11 лица се од САД, што може да се објасни со високиот животен стандард во тој земја.

Поврзани вести

Зависници од Интернет: Знаци кои поминуваат премногу време на социјалните мрежи

Urednik

Хороскопски знаци кои обожаваат паралелни врски!

Radmila Tasevska

Во овие знаци се раѓаат најдобрите луѓе!

Radmila Tasevska