СТАНДАРД life
Хороскоп

Во овие знаци се раѓаат најдобрите луѓе!

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак …

Вистинската добрина произлегува од многу човечки карактеристики, а овие три хороскопски знаци водат во тоа подрачје. Тие се внимателни, сталожени, верни и секогаш подготвени да помогнат и познати се по тоа дека имаат големо срце. Ако во својот живот имате блиски лица родени во овие знаци на зодијакот, знајте дека сте многу среќни.

Терезија

На Терезиите во животот им се најбитни складот и мирот. Секој свој проблем го решаваат во моментот кога ќе се појави, а истото го прават и со проблемите на ним драгите лица. Секогаш се насмеани и подготвени за разговор и никогаш ништо не прават со лоша намера. Терезиите се преполни со позитивна енергија која другите понекогаш и премногу ја искористуваат па тие на крај се чувствуваат многу исцрпено, но и понатаму задоволни бидејќи некому успеале да му го разубават денот.

Бик

Биковите се кон сите исклучително пристојни и драги. Не им е проблем да се согласат на компромис поради туѓа корист бидејќи не сакаат судири и проблеми. Лицата родени во знакот на Бик никогаш не се желни за внимание, но затоа мудро и јако делуваат од „задните редови“. Многу добри пријатели се и се однесуваат многу заштитнички кога станува збор за сигурност и среќа на лицата кои ги сакаат.

Риби

На Рибите главна животна цел им е на другите да им го разубават животот – што е можно повеќе. Тие се потолерантни од кој било друг знак на зодијакот и секогаш ќе направат се за мир и склад во својата заедница. Многу се дарежливи и искрени и подготвени да помогнат ама баш на сите.

Поврзани вести

Овие хороскопски знаци се рамнодушни и не се заинтересирани за туѓите проблеми

Urednik

Најголемите манипулатори во хороскопот! Ќе ве убедат да им верувате на нив, а не на вашите очи!

Urednik

Љубовен пресврт ги очекува овие четири хороскопски знаци до крајот на месецот

Urednik