СТАНДАРД life
Храна

Амарето мисиркино за вистинско задоволство

УЖИВАЈТЕ во секој залак од овој вкусен специјалитет.

Состојки:

* бело месо од мисирка, 500 гр
* маслиново масло, 3 лажици
* павлака за готвење, 200 мл
* тестенини, 400 гр
* чери домати, 200 гр
* шампињони, 100 гр
* супа, 200 мл
* сол, по вкус
* бибер по вкус
* амарето, 40 мл

Подготовка:

– На дел од загреаното масло ставете ја зачинетата мисирка и пропржете ја од двете страни. Потоа истурете супа и варете додека течноста не испари.

– Кон крајот на варењето во садот со месото сипете павлака за готвење, а кога ќе зоврие истурете го амаретото.

– На вториот дел од маслото ставете ги сечканите чери домати и печурките, малку пропржете, зачинете и додајте ги сварените и исцедени тестенини.

– Послужете тестенини со зеленчук и мисиркино амарето и послужете.

На здравје!

Пилешко со зеленчук и тестенини

Поврзани вести

Рецепт за пилешка чорба која претставува здравје во чинија

Radmila Tasevska

Брзо и лесно: овие солени палачинки ќе ве освојат за кратко време

Urednik

Карамел пита со јаболка

Radmila Tasevska