СТАНДАРД life
Храна

ЧОКОЛАДЕН ЧИЗКЕЈК СО НЕС КАФЕ Кремастo совршенство за коe не треба да ја вклучувате рерната!

Совршена комбинација од десерт и вашиот омилен пијалок.

Потребно е:

Подлога:

* 200 г бисквити
* 1 лажица горчливо какао
* 60 г растопен путер
* 50 мл силно кафе

Фил:

* 2 лажици инстант кафе
* 70 г шеќер
* 60 г пченкарен скроб
* 400 мл млеко
* 200 мл засладена павлака за шлаг
* 100 г темно чоколадо

Дресинг:

* 2 лажици шеќер
* 2 лажици инстант кафе
* 2 лажици вода

За посипување:

какао по вкус

Подготовка:

Издробете го бисквитот и измешајте го со какаото, растопениот путер и кафето за да добиете хомогена смеса. Истурете во калап обложен со хартија за печење и оставете го во фрижидер да се стврдне.

Загрејте го млекото со шеќер и инстант кафе, а потоа додадете го пченкарниот скроб измешан во малку ладно млеко. Добро измешајте додека филот не се згусне.

Потоа тргнете од оган и додадете ситно исечкано темно чоколадо додека не се растопи целосно. Оставете го филот малку да се олади.

Одделно, изматете ја слатката павлака за шлагот и внимателно измешајте ја во изладениот фил. Потоа намачкајте го филот врз основата од бисквити и оставете го во фрижидер неколку часа.

Загрејте го шеќерот, инстант кафето и водата и оставете да се олади.

Прелијте го подготвениот прелив врз тортата и наросете со какао.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за француски тост

Radmila Tasevska

Хумус со печени пиперки: Идеја за нешто посно и вкусно

Urednik

Нутела лазањата има моќ да го поправи и најлошиот ден

Urednik