СТАНДАРД life
Храна

Хит коктел ова лето е Malibu Barbie Pink: Изгледа прекрасно, а има уште поубав вкус

Доколку планирате забава за пријателите покрај базен или на плажа, на листата на коктели вклучете го сè попопуларниот коктел Malibu Barbie Pink, на кој расте популарноста по објавувањето на филмот „Barbie“.

За ова ви треба кокос рум (ликер), сок од ананас, брусница и портокал, безалкохолен сируп Гренадин, парче ананас и цреша за декорација и розов шеќер за украсување на работ на чашата. Состојките измешајте ги во шејкер и – уживајте во розовото освежување.

Може да направите и безалкохолна варијанта со испуштање на ликерот од кокос, исто така ќе има убав вкус и е идеален за најмладите.

Поврзани вести

Рецепт на денот: Посна руска салата

Radmila Tasevska

Рецепт за посен крем од лешник: Засладете се на вистински начин

Urednik

Торта со морков и сирење

Urednik