СТАНДАРД life
Храна

Лутеница која потсетува на детството – пробајте го рецептот!

Лутеница е одличен прилог за јадења со месо, особено специјалитети на скара.

Подгответе неколку тегли и воодушевете ги сите следниот пат кога ќе бидете околу скарата:

Состојки:

* 500 гр лути пиперки
* 3 – 4 кг моркови
* 7 – 9 главици лук
* 2 китки магдонос
* 15 лажици алкохолен оцет
* 2 лажици масло
* ½ кесичка конзерванс (околу 2,5 g)

Подготовка:

Морковите и лутите пиперки исчистете ги и исечете ги на кришки. Лукот и магдоносот исечкајте ги што поситно. Смесата ставете ја во поголемо тенџере и убаво измешајте.
Посолете по вкус. Додадете оцет, масло и конзерванс. Повторно измешајте сè и оставете да отстои околу 10 часа, повремено мешајќи.

Наполнете ги чистите тегли до врвот и задолжително ставете ги пластичните капачиња. Добро затворете ги теглите и чувајте ги на ладно место околу 30 дена.

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за чорба од зеленчук во која нема ни да забележите дека нема месо

Urednik

Подгответе дома коктели како професионалец – со коктел мајсторот Васил Пеевски и со Wolt

Urednik

Домашни „Ferrero Rocher“ топчиња

Urednik