СТАНДАРД life
Храна

МЕКИ ЛЕПЧИЊА ЗА ПОЈАДОК: Домашен рецепт кој ќе ве воодушеви! (ВИДЕО)

Леб кој е толку мек и вкусен, што ќе го јадете без никакви додатоци.

Лесно се прави и е одличен за појадок или вечера, послужен со салата од сирење и домати. Исто така може да го комбинирате со вашите омилени прилози и уживајте во домашен турски леб.

ТУРСКИ ЛЕБ – состојки:

500 гр брашно;

150 ml топло млеко;

150 ml топла вода;

1 лажичка сол;

2 лажици сув квасец;

3 супени лажици маслиново масло;

Сецкан магдонос,

Чили снегулки.

ТУРСКИ ЛЕБ – подготовка:

  • Измешајте брашно со сол и квасец. Додадете топла вода и млеко и месете додека тестото не ја впие целата течност.
  • Додадете маслиново масло и месете додека не се формира мазно тесто (околу 10 минути). Тестото обликувајте го во топка, покријте го со растително масло и оставете го на топло место 1 час или додека не се удвои во големина.

3) Кога тестото ќе нарасне, исечете го на 6 парчиња и секое парче расукајте го во топка.

4) Расукајте го тестото во погача и ставете го во тавче со масло, загреано на умерен оган. Пржете 5-6 минути (2,5-3 минути од секоја страна). При пржење, треба да се создаде воздушен џеб во секој леб.

5) Додека е уште топол, премачкајте го со четка со масло, па одозгора со магдонос и чили снегулки.

Поврзани вести

Здрава чорба која го зајакнува имунитетот! Идеална во борбата против настинки

Urednik

🎥Веќе е познато кој ќе биде најголемиот тренд во светот на храната во 2024 година

Urednik

Според рецепт на италијански готвачи: Додадете ја оваа состојка за совршен болоњезе сос

Urednik