СТАНДАРД life
Храна

Орео чизкејк

Денешен предлог за летно задоволство во кое ќе ужива целото семејство:

Состојки:

* 250 гр бисквити
* 125 гр путер
* 250 гр маскарпоне
* 500 мл хопла
* 10 орео колачиња
* 100 гр црно или млечно чоколадо
* 1 желатин
* 1 ванила
* 4 супени лажици прав шеќер

Подготовка:

Прво сомелете ги во блендер бисквитите заедно со путерот до добивање на хомогена смеса и го покриваме со неа дното на калапот за торта.

Ставаме во фрижидер за 30 мин, да се стврдне. Во сад се мати маскарпонето, шеќерот во прав и ванилата до добивање хомогена смеса, а потоа постепено ставете 400 мл. од хоплата и продолжуваме да ги матиме додека се добие хомоген крем.

Желатинот се меша со вода, тој треба да се набабри, а потоа ставете го неколку секунди во микробранова печка. На кремот додадете сецкани орео колачиња и добро мешајте, а потоа додадете го желатинот.

Истурете го веќе изладеното бисквит тесто, добро измешајте го, измазнете и оставете го во фрижидерот 3-4 часа.

За чоколадните гурмани, загреваме 100 хопла, внимавајте да не изврие, ја тргаме од оган и додаваме рендано чоколадо. Измешајте додека не се добие хомогена мешавина. Оставете го да се олади на собна температура и потоа истурете врз тортата. Оставете уште еден час во фрижидер.

На здравје!

Поврзани вести

Лесен летен десерт: Печени круши

Urednik

Чили грав со мелено говедско месо: Рецепт за совршен есенски ручек

Radmila Tasevska

Желбата за одредена храна има значење

Radmila Tasevska