СТАНДАРД life
Шоубиз

Емили Блант за улогата што ја одби и поради која изгуби 80 милиони долари: „Најдобрата девојка ја доби“

Говорејќи во подкастот „Happy Sad Confused“, британската актерка откри дека одбила главна улога во голем блокбастер на „Марвел“. Поради договорни обврски, Емили Блант ја одби улогата на суперхероина во универзумот на „Марвел“, го чекаше снимањето на „Патувањата на Гуливер“, па мораше да се откаже од улогата на „Црната вдовица“.

Од друга страна, Скарлет Јохансон ја прифати улогата со раширени раце и на тој начин профитираше, а во следните години на нејзината сметка се слеаа околу 80 милиони долари, додека „Гуливеровите патувања“ пропаднаа во секој поглед.

Блант откри колку Скарлет Јохансон била неверојатна во портретирањето на жестокиот суперхерој, додавајќи дека сметала дека таа е најдобрата личност за улогата.

„Ви се молам, најдобрата девојка го доби тоа“, рече актерката на подкастот.

Скарлет Јохансон се појави како Црна вдовица во 2010 година во Iron Man 2. Таа потоа ја повтори познатата улога во голем број други филмови како што се „Одмаздници“, „Капетан Америка“ и „Одмаздници: Крај на играта“.

Беше објавено дека Скарлет заработила огромни 80 милиони долари за улогата во целата франшиза, вклучувајќи го и филмот „Црна вдовица“.

Поврзани вести

Пол Мекартни: Она што ми го кажа Џон Ленон пред да почине ме шокираше

Urednik

📸 По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Radmila Tasevska

(ФОТО) ПОВТОРНО ШОКИРА: Дамијано Давид како од мајка роден

Urednik