Подгответе вкусен и хранлив посен оброк, за да го одморите вашиот стомак од тешката храна на која беше изложен во претходните празнични денови.
Состојки:
* 500-600 гр печурки
* 1 кромид
* 150 гр црвен ориз
* 2 печени пиперки
* 1/2 половина праз
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 250 степени. Целите пиперки измијте ги и наредете ги на плех, ставете ги во рерна и печете ги додека не добијат боја. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат и „исцедат“ за полесно да се лупат. Кога ќе ги исчистите од кората, стеблата и семките, пиперката исечкајте ја на коцки.
Во меѓувреме измијте го и исечете го кромидот на коцки, а печурките на полумесечини.
Загрејте го маслото во длабок сад и пржете го кромидот додека да стане стаклен, а потоа додадете ги печурките. Кога целата течност од нив ќе зоврие – извадете ја од шпоретот.
Во меѓувреме, загрејте ја водата во длабок тенџере додека не зоврие, па сварете го оризот според упатството на пакувањето.
Кога оризот е готов, исцедете го и додадете го во кромидот и печурките.
Во салатата додајте ја подготвената пиперка и ситно сечканиот праз, па зачинете по желба и сè убаво измешајте.
На здравје!