Крцкавите и сочни компири со сланина за појадок се јадат со пржени јајца, а за ручек или вечера со колбаси, печено месо – или без ништо.
Ако сакате пржени компири, лесно би можеле да се заљубите во германскиот bratkartoffeln, односно пржениот компир, кој е нешто поспецифичен и помалку кашест – а сланината дава прекрасна арома и вкус. Толку е добро што Германците го јадат и за појадок.
Првиот чекор е да изберете компир, а најдобар избор е оној кој нема да се распадне при готвењето. Потребна ви е и добра сланина, по можност домашна, како и билки како магдонос, семки од ким, мајчина душица или рузмарин, пишува „Pun kufer“.
Во зависност од рецептот, Германците може или не може да додадат кромид во ова јадење, како и кашкавал – или пржено јајце. Послужете пржени компири со колбаси, печено или месо на скара, со добро пиво.
Состојки:
* 500 гр компири
* 220 гр сланина
* 1 главица кромид
* зачини (сол, бибер, магдонос)
Подготовка:
Измијте ги компирите и сварете ги во кора за да не се преварат.
Исечете ја сланината и кромидот. Ставете ја сланината во тавата и пропржете ја додека не стане крцкава, а потоа извадете ја од тавата и во истата маснотија пропржете го кромидот и оставете го на страна.
Компирите процедете ги, излупете ги и исечете ги на кришки.
Во тавче на две тури пропржете ги компирите за да бидат крцкави. Потоа додадете кромид и сланина, зачинете со сол и бибер и додадете сечкан магдонос или зачини по желба.
На здравје!
Грчки компири: трик-рецепт за печено совршенство со лимон и лук