СТАНДАРД life
Храна

Омилената салата на Камерон Дијаз: Совршено летно јадење

Сега кога летото ја покажа својата најжешка страна, секој оброк што подразбира хранливо освежување е добредојден.

Актерката Камерон Дијаз (50) одлучила да го сподели совршениот рецепт за салата без која не може да помине ниту еден ден.

Како што признала, била инспирирана од нејзината колешка Гвинет Палтроу, која е позната по здравата исхрана.

Состојки:

* 4 чаши зелена салата
* 1 чаша варен грашок
* 1 чаша тенко исечени моркови
* ½ чаша краставици (исечени на прстени и половини)
* ½ манго
* 1 авокадо

За декорација:

* 1 чаша мешани свежи билки (нане, коријандер и босилек)
* ¼ чаша сечкани индиски ореви
* ½ чаша варен ориз
* 2 парчиња лимета

Подготовка:

Марулата исечкајте ја и наредете ја на дното како и другите зеленчуци. Мангото и авокадото исечкајте ги на парчиња со саканата големина и истурете ги во сад.

Украсете со споменатите билки.

Непосредно пред послужување прелијте ја салатата со преливот и посипете со сечкани индиски орeви и варениот ориз. Кога ќе ја истурите салатата во чиниите, наредете ги кришките лимета.

На здравје!

Поврзани вести

Чоколадна торта со портокали

Urednik

Совршено крцкави компири: Готвач ја открива тајната на подготовката на овој деликатес

Urednik

📽Хељда со праз и печурки: Најздравото посно јадење

Urednik