СТАНДАРД life
Храна

Плескавици од зеленчук и печурки повкусни од месо

Имаме одлична идеја за ручек или вечера – плескавици од зеленчук и печурки. Можат да се подготват на милион начини. И повкусни се од месото…

Се одлучивме за плескавици кои содржат печурки, бидејќи се вкусни. Можете да користите шампињони, буковки, шитаке, вргањ…

Плескавиците од зеленчук со додаток на печурки се исклучително вкусни и богати со хранливи материи. Тие често се одлична алтернатива за јадењата со месо, бидејќи се богати со влакна, витамини, минерали и антиоксиданси.

Состојки:

* 500 гр печурки по избор
* 600 гр компири
* 1 главица кромид
* 2 моркови
* 2 чешниња лук
* 2 лажици сечкан свеж магдонос или коријандер
* 1 лажичка куркума
* 1 лажичка пиперка
* 150 гр брашно
* сол и бибер по вкус
* масло за пржење

Подготовка:

Гответе ги компирите и морковите во зовриена солена вода додека не омекнат. Потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат.

Измијте ги и исцедете ги печурките, па изрендајте ги. Изрендајте ги кромидот, компирот и морковот.
Додадете испасиран лук, магдонос, куркума и пипер. Зачинете со сол и бибер. Промешајте.

Потоа додадете брашно и добро измешајте. Формирајте плескавици и пржете ги во масло загреано на средна температура додека не поруменат од двете страни. Можете исто така да ги печете во рерна (35-40 минути на 200 степени).

На здравје!

Поврзани вести

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Urednik

Салата од макарони

Radmila Tasevska

Посна чорба од грав со тиква

Urednik