Кога се пости, нема побрза и поздрава вечера од посна паштета од риба.
Ви пренесуваме рецепт за вкусна паштета од ослиќ и риба од сардина
Состојки:
* 1/2 кг филети ослич
* 1 пакување сардини
* 1 праз
* 2 главици кромид
* 2 чешниња лук
* лажица сенф
* оцет
* лимон
* свеж магдонос
* 1 лажица маслиново масло
* бибер, сол
* зеленчук по вкус
Подготовка:
Излупете ги филетите од ослич (по потреба исчистете ги) и кромидот.
Сардината исцедете ја и исчистете ја.
Во блендер испасирајте го сварениот ослиќ, сардината, кромидот и лукот и празот додека не се добие компактна маса.
Додадете зачини, една лажица сенф и една лажица маслиново масло.
Соединете, па пробајте и одредете ја количината на оцет што треба да се додаде по вкус.
На крајот додадете сечкан свеж магдонос или копар.
На здравје!