СТАНДАРД life
Храна

Посни кифлички: на целото семејство ќе им се допаднат на првиот залак

Знаеме дека кога станува збор за тестото, ништо не може да ги замени меките кифлички, па ви пренесуваме рецепт за нивната посна верзија.

Состојки:

* 550 гр брашно
* 1 свеж квасец
* 4 дл вода
* 1 лажица шеќер
* 1 лажица сол
* по желба лен, сусам, ким

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. Во поголем сад просејте го брашното, на средина направете „дупка“ и внатре посипете го квасецот.

Одозгора посипете една лажичка шеќер, а солта распоредете ја по работ на брашното. Истурете млака вода и замесете меко тесто. Покријте и оставете да одмори додека не се удвои во големина. Промешајте, па повторно поклопете и оставете уште еднаш да нарасне.

Ставете на набрашнета површина, замесете и поделете на 16 дела. Секоја од нив се витка во форма на елипса, па се витка како ролат и се става на плех обложен со хартија за печење. Од лен или сусам, малку брашно и вода, направете течна смеса со која ќе се премачкаат кифличките (наместо жолчки).

Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 10 минути, па се намалува на 200 степени и се пече уште 10 минути.

На здравје!

Поврзани вести

Јаболки во наметка: Стар рецепт што мора да го пробате!

Radmila Tasevska

Рецепт за најпопуларната роденденска торта во Југославија, која денес е заборавена

Urednik

Напитокот од чоколаден намаз, рум и цимет ќе ги стопли душата и телото

Urednik