СТАНДАРД life
Храна

Рецепт на денот: Коцки цимет

Празничната сезона полека се наближува, а малите колачи се незаменлив украс на празничната трпеза.

Состојки:

– 280 гр шеќер

– 1 кесичка ванилин шеќер

– 80 ml вода

– 200 гр путер

– 1 лажичка мелен цимет

– 200 гр млеко во прав

– 70 гр какао во прав

– 150 гр мелен бисквит

За посипување:

– 1 лажичка какао во прав

– 1/3 лажичка цимет

Подготовка:

Во тенџере измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Ставете го да се готви.

Од моментот на вриење, варете три до четири минути на пониска температура со повремено мешање (шеќерот треба да се раствори).

Тргнете го од шпорет, а потоа додадете мелен цимет и путер исечен на мали парчиња.

Мешајте додека не се соединат сите состојки.

Во еден сад измешајте какао во прав и млеко во прав, па соединете со претходно подготвената смеса.

Оставете да се излади (околу десет минути), потоа додадете мелени бисквити и измешајте.

Со хартија за печење обложете сад од 20 × 15 см, истурете ја смесата, добро израмнете ја и ставете ја во фрижидер неколку часа.

Посипете со мешавина од какао во прав и цимет.

Се сече на коцки и се сервира.

Пријатно!

Поврзани вести

Рецепт за прекрасни рум колачиња

Urednik

Салата со паста, туна и пченка

Radmila Tasevska

Рецепт за турски менемен: Се служи како појадок, но вие сами одлучете кога ќе го јадете

Urednik