СТАНДАРД life
Храна

Рецепт за домашен колач од корнфлекс со чоколадо

Добро познатиот корнфлекс е омилено јадење на многумина кои се грижат за исхраната, а пред вас имате рецепт за ова здраво уживање.

Направено од житарки, со чоколадна обвивка, не само што е вкусно слатко, туку и совршен начин да ја зголемите вашата енергија во текот на денот.

А балансот помеѓу крцкавото и слаткото може многу добро да се искористи за подготовка како десерт на прослави, особено ако сте останале без идеи со што да ја засладите посната трпеза.

Едно е сигурно, никој нема да може да застане само на едно.

Состојки:

* 250 гр маргарин
* 250 гр шеќер
* 5 лажици мед
* 100 гр чоколадо
* 150 гр сечкани ореви
* 250 гр корнфлекс

Подготовка:

Во тенџере се ставаат маргаринот, шеќерот, медот и чоколадото, сè нежно растопете на средно-силен оган.

Тргнете ја смесата од оган и измешајте ги оревите и корнфлексот.

Сè убаво измешајте и прелијте на подмачкан плех, или на хартија за печење. Рамномерно распоредете ја смесата и развлечете ја до саканата дебелина.

Оставете да се излади и стврдне, па исечете или на стандардни ленти или во други форми по ваша желба.

На здравје!

Поврзани вести

Посна пита со соја и праз

Urednik

Рецепт за чорба од зеленчук во која нема ни да забележите дека нема месо

Urednik

Мек и неодолив колач со лимон

Radmila Tasevska