Ретко кој ќе одбие печени костени кога ќе почнат студените денови, па ако ви се допаѓа вкусот на овој предвесник на зимата, ќе уживате во рецептот што го подготвивме за денес – тирамису од костен.
Тоа е типична тирамису торта, со мал пресврт, бидејќи се прави од костени.
Како да направите тирамису од костен?
Состојки:
* 3 јајца, одделно жолчки и белки
* 60 гр шеќер во прав
* 300 гр маскарпоне сирење
* 200 гр варени костени изблендирани + 50 гр за декорација
* 1 лажица од кој било ликер по избор
* 200 мл млако еспресо или некое друго јако кафе
* 100 гр пишкоти
* какао, за посипување
Подготовка:
Жолчките и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете густа смеса. Во него додадете маскарпоне и измешајте со лажица.
Потоа во смесата додајте го изблендираното пире од костен и сè изматете со миксер.
Во друг сад посебно измешајте ги белките додека не се стврднат.
Додадете ја малку по малку смесата со маскарпоне и внимателно мешајте додека не добиете компактна маса.
Подгответе го кафето и изладете го малку, да биде топло, додадете ликер по избор и потопете ги пишкотите едно по едно. Ставете ги пишкотите на дното од садот на кој ќе го ставите целото тирамису.
Кога ќе го покриете дното, прелијте го колачот со половина од смесата со маскарпоне, а потоа повторете го целиот процес како втор слој. Кога ќе ги наредите пишкотите уште еднаш, искористете ја другата половина од маскарпонето.
Готовиот колач оставете го да се излади во фрижидер најмалку шест часа, идеално преку ноќ.
Пред послужување посипете со какао и рендан костен за декорација.
На здравје!
Оригинален италијански рецепт за тирамису: Лесно подгответе го овој „крал на десертите“