СТАНДАРД life
Храна

Вегански рецепт: Веганска бисквитна торта со малини

Оваа торта се подготвува брзо и лесно. За сите оние со слатко кои би сакале да јадат нешто слатко без да учествуваат во злоупотреба на животни.

Состојки:

* Едно пакување мелени бисквити
* 500 гр индиски ореви
* 150гр лешници
* 200гр малини
* Билно млеко по ваш избор
* Брусница 100гр
* Сируп од агава
* Кокосово брашно 100гр
* Стап од ванила

Блендирајте бисквити, кокосово брашно, сируп од агава, малку растително млеко во процесор за храна или блендер за првиот слој.

За вториот слој изблендирајте 300 гр индиски ореви, брусница, сируп од агава, малку растително млеко и стапче ванила. За третиот слој изблендирајте малини, лешници, индиски ореви, малку растително млеко, сируп од агава.

Ставете во фрижидер преку ноќ во калапот за торта да се стегне. Можете да го јадете следниот ден.

На здравје!

Поврзани вести

Грчки компири: трик-рецепт за печено совршенство со лимон и лук

Urednik

Кои 6 грешки ги правите додека подготвувате ајвар?

Radmila Tasevska

Крем супа со пченка

Urednik