СТАНДАРД life
Храна

Желбата за одредена храна има значење

Сите понекогаш чувствуваме желба за одредена храна и мислиме дека можеме да изедеме еден тон од неа. Но, тоа значи дека организмот нешто ни јавува, нешто му фали или не е во ред.

Чоколадото е вкусно и многумина ги прави среќни. Ако посакате многу чоколадо, веројатно ви е досадно, несреќни сте или незадоволни.

Желбата за сирење е јасен знак дека телото не добива доволно масти и витамин Д. Овие случаи се почести во зимските месеци.

Ако посакате сладолед во текот на јадењето, значи дека имате проблеми со варењето на храната. Сладоледот е ефикасен против киселини.

Многумина посакуваат паста, шпагети, макарони, кои се богати со јаглехидрати. Обично ја посакувате по напорен ден и физичка активност, што значи ви недостасуваат хранливи материи и калории.

Зачинетата храна по природа е лута, а ако многу посакувате да ја јадете значи дека организмот ви е врел. Кога ќе ја изедете, се потите повеќе и така ќе го разладите организмот.

Виното содржи антиоксиданси кои се корисни за организмот, но не во преголеми количини. Претерана желба за вино покажува дека сте под стрес, а виното е одбранбен механизам.

Краставичките се богати со натриум и пробиотици, а ако посакате да ги јадете може да е показател за дехидратација.

Помфритот содржи масти и јаглехидрати кои се извор на енергија, па нека не ве чуди ако го посакате кога сте под стрес или уморни.

Слатките се богати со шеќер и исто така сакате да ги јадете кога сте под стрес, слаби или уморни. Тие го стимулираат нивото на шеќер во крвта и брзо ви даваат енергија.

Поврзани вести

Нутриционист Емилија: Колку е вредна коледарската торбичка за нашето здравје?

Radmila Tasevska

Старовременски рецепт: Совршена пита со јаболка

Urednik

Брза ронлива торта од сливи

Urednik